1. Приватност – За MAX.mk податоците на клиентите претставуваат строго доверливи и лични. Се обврзуваме истите да ги зачуваме од промени, давање на трети лица или злоупотреба. Но во исто време Вие се согласувате да ги почитувате локалните, како и меѓународните правила и прописи во врска со електронско и интернет работење. MAX.mk целосно се одзема од одговорноста во врска со содржините и начинот на Вашето работење, како и од материјалите кои што се наоѓаат во Вашиот алоциран простор на нашите сервери. Во случај MAX.mk да дознае за прекршување на овие обврски, го задржува целосно правото да го суспендира вашиот простор се додека неправилностите не се отстранети.
2. Спам – MAX.mk строго забранува било каков начин на СПАМ-ирање (одеднаш испраќање на голем број несакани Е-Маил пораки). Исто така, забрането е испраќање на Е-Маил пораки кои содржат содржина од навредлив, расистички, криминалистички, напаѓачки или терористички карактер. Доколку се забележи истото, акаунтот веднаш и без предупредување ќе биде суспендиран или во екстремни случаеви терминиран, без враќање на уплатената сума.
3. Валидни информации – Ваша одговорност е во процесот при првичната регистрација, но и сите дополнителни продолжувања на договорите за користење на нашите услуги, да ни доставите точни и валидни податоци за вас, и при секоја промена на истите навремено да не известите. Точноста на податоците е од исклучителна важност бидејќи на тој начин може да се избегне злоупотребата од трети лица при користење на некои од нашите услуги.
4. Тест период – MAX.mk им нуди тест акаунт на сите заинтересирани потенцијални клиенти кои ќе можат да го користат акаунтот во времетраење од 30 дена, и се однесува исклучиво на поделените пакети. Овој период е поделен во период од под 15 дена, со што првично се доделуваат 15 дена, а пред истекот на истите корисникот потребно е да испрати барање за дополнителни 15 дена тест период и во истото барање да наведе реални причини за потребата од подолг тест период.
5. Нов акаунт – Веднаш по извршената уплата за користење на одбраната услуга, а со тоа и активирање на статусот наш клиент по основа на претходен договор, ќе Ви бидат испратени инструкции за користење на услугите. Ќе добиете корисничко име и лозинка кои е препорачано да се чуваат строго доверливо и да не се споделуваат со никого, со што би се одбегнала злоупотреба. Единствено Вие одговарате за Вашиот акаунт и активностите произлезени од тоа корисничко име, доколку не се воспостави поинаку. Доколку забележите некои сомнителни активности поврзани со истиот, се согласувате навремено да ги известите администраторите на MAX.mk преку областа за клиенти, или Е-Маил.
6. Регистрација на домен – Периодот потребен за регистрација на одбраниот домен варира во зависност дали е домашен или меѓународен. Домените со наставка .mk се регистрираат во рок од 14 дена, а пак интернационалните во рок од 7 дена по извршената уплата. Сите домени со наставка .mk кои се регистрирани преку MAX.mk ќе бидат регистрирани во име на установа МК Провадјер ДООЕЛ преку јавната установа Марнет, но клиентот кој го порачал тој домен е во сопственост на истиот. MAX.mk и МК Провајдер ДООЕЛ се посредници за регистриранње на истите домени, каде што клиентите превземаат целосна одговорност и сопственост кон истите тие домени, каде истата нарачката важи како официјален документ за сопственост на доменот од страна на клиентот.
7. Содржина – MAX.mk се согласува да прифати порнографски содржини само доколку ги задоволуваат законските норми, на пр.: содржините не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години, и порнографските содржини да бидат наменети за лица над осумнаесет (18) години. Клиентите пред објавување на содржините на порнографскиот материјал се должни да го проверат изворот како и податоците за истите. Нема да толерираме расизам, насилни, злобни, непристојни содржини, како и навреда на одредена вера. Не е дозволено хостирање на сајт кој содржи сродни веб сајтови на терористичка мрежа. Доколку и други лица имаат пристап до вашиот сајт за одговорен ќе се смета оној на кој гласи хостинг акаунтот. Како клиент на MAX.mk се обврзувате дека нема да објавувате нелегална содржина, содржина која ги нарушува авторските права, исто така се обврзувате дека нема да вршете никоаков вид на нелегална трговија. При затекнување на нелегална содржина клиентот се обврзува истата да ја отстрани во најбрз временски период. Доколку таквата содржина не ја одстрани во дадениот временски период MAX.mk го задржува правото да го суспендира клиентот без дополнителни известувања. Доколку услугите на МAX.mk се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на МAX.mk, клиентите или пак останати лица и организации. MAX.mk исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки кон корисниците кои ќе ги искористат услугите на MAX.mk за да дозволат пристап до нелегални содржини. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на MAX.mk.
8. Обрвски – Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на за измамнички и лажни активности. Исто така, се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, MAX.mk не е одговорен во никој случај. Се согласувате дека нема да се обидете без дозвола да пристапите до доверливи и овластени делови на останатите корисници на MAX.mk, а со тоа да ги почитувате нивните права на приватност. MAX.mk не дава ветување кое се однесува на понудите на Вашата веб страна и не превзема одговорност доколку Вашиот план не е успешен, ниту пак ќе биде одговорен за некој спор со Ваш клиент.
9. Уплата – Ја прифаќате должноста за навремено уплаќање во определен рок за сите извршени услуги од наша страна. За хостинг и реселер пакетите должни сте плаќањето да го извршите во рок од 7 дена по направената нарачката. За домени, ВПС и Посветените сервери обврзани сте плаќањето да го извршите пред самото активирање на конкретната услуга. Во случај услугата да не биде навремено подмирена, истата од наша страна ќе биде деактивирана. Доколку во рок од 14 дена не добиеме никаква уплата, Вашиот акаунт ќе биде суспендиран, а после 30 дена истиот ќе биде избришан.
10. Надминувања – MAX.mk пакетите се креирани со цел да имаат доволно ресурси и да одговараат на потребите на сите наши клиенти. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате да ги почитувате поставените лимити и да не ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи и количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), паркирани и додатни домени, веб и Е-Маил простор достапен за користење и слично. Доколку дојде до претходно наведеното, во никој случај нема веднаш да го суспендираме Вашиот сајт, туку преку Е-Маил ќе Ве известиме дека Вашиот сообраќај или простор наближува 95% од договорениот максимум. Во случај да не добиеме повратен одговор, Вашиот сајт ќе биде суспендиран. Секако, преку областа за корисници или преку Е-Маил може да побарате постоечкиот пакет да биде надограден во некој кој има повеќе ресурси.
11. Откажување на услугата – Доколку од било која причина сакате да ја откажете нашата услуга, должни сте за тоа да не известите најмалку 30 дена пред истекот на услугата. Доколку навремено не нѐ известите, а сепак сакате да ја откажете услугата, должни сте да уплатите за нејзино продолжување во целосен износ за периодот до наредната уплата, кога и ќе биде прекината услугата.
12. Поддршка – Со цел да им овозможи квалитетни услуги, MAX.mk им стои на располагање на своите клиенти 24 часа, 7 дена во неделата, нудејќи корисничка и техничка поддршка преку on-line системот поставен на нашиот сајт. Тимот задолжен за поддршка ќе може да го добиете преку Skype во редовното работно време.
13. Заштита на податоци – MAX.mk креира дневни, неделни и месечни on & off-site back-up заштити на податоци на сите линукс хостинг, реселер и ВПС сервери. На сите останати сервери се користи RAID1 заштита. MAX.mk озовможува чување на податоците и креирање на backup. Доколку Ви притреба враќање на податоците, MAX.mk може да го овозможи ова, но не гарантира за квалитетот и ажурноста на истите. MAX.mk не гарантира дека Вашата содржина ќе биде вратена во случај на напад (целосно или делумно), ненамерно бришење од Ваша страна на податоците на сајтот, неавторизирано влегување на Вашиот хостинг и предизвикување штета на содржините, откажување на софтверот или хардверот на MAX.mk со што се губат податоците (делумно или во целост) и слично. Наша препорака е редовно Вие да правите backup на Вашиот сајт на друга локација.
14. Преоптеретувања - Вие се обврзувате IRC услугите да ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење. Користењето на хостинг услугите на MAX.mk за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните MAX.mk сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа. Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт, можно е да дојде суспендирање на акаунтот без претходно известивање. Нашиот технички тим може, но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеке ресурси, како што се RAM и процесор, тогаш неопходно е да се надогради до ВПС или Посветен сервер, односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на RAM и процесор.
15. Измени – MAX.mk го задржува правото да измени, додаде или избрише одредени одредби од условите за користење без претходно да ги извести корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не заврши уплатениот период. MAX.mk без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите. Доколку се води истрага за некој наш корисник и е од помош за решавање на постапката кај некој надлежен орган, по барање на некои владини служби, можеме да ги доставиме личните податоците за тоа лице. MAX.mk нема да сноси никаква одговорност.
Со почит,
MAX.mk